Скот Кокер откри кога ќе се борат Федор Емилијаненко и Чаел Сонен

Конечно се знае кога Белатор планира да ги организира полуфиналните борби на својот тешкашки Гранд при турнир, односно кога ќе се одржи борбата Федор Емилијаненко против Чаел Сонен, како и онаа Мет Митрион – Рајан Бадер.

Иако се уште нема официјални датуми, како и места на одржување, Кокер откри дека полуфиналето ќе се одржи во средината на октомври, но дека двете борби нема да се одржат на истиот настан. Сепак, откри дека термините бидат многу блиску, па дури и дека гледат на тоа да организира два настани по ред, односно ден за ден во различни градови. Што се однесува до онаа борба која фановите повќе ги интересира, односно меѓу Чаел Сонен и Федор Емелијаненко, Чикаго во моментов е како најверојатната опција.

Бидејќи е објавено дека овој турнир во целост би требало да се одржи оваа година, се претпоставува дека Белатор може да има план финалето да се одржи во последните овогодишни недели, веројатно во последниот викенд на 2018 година. Сепак, додека сето ова не стане официјално, можеме само да нагаѓаме што ќе смисли водството на втората најмоќна ММА промоција во светот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО