Татко му на Хабиб откри: Супругата му ја избра дедо му, а бираа меѓу шест жени!

Бидејќи стана шампион во лесна категорија на УФЦ, а и повеќе од веројатно дека очекува пресметка со Конор Мек Грегор, Хабиб Нурмагомедов е речиси секојдневна тема на светските ММА медиуми.

Иако и порано и беше интересен на припадниците на 7-тата сила, со фактот дека е на тронот на УФЦ во јавноста доаѓаат многу интересни детали за неговиот професионален и приватен живот.

Од порано е познато дека Нурмагомедов е голем традиционалист и ги почитува неговите дагестански обичаи, како и неговата муслиманска вера. Токму за тој сегмент од живот боруваше во едно од последните интервјуа татко му Абдулманап Нурмагомедов. Особено како се оженил со неговата сопруга кога имал само 22 години.

Традиционалист каков што е, Хабиб побарал совет од својот дедо при изборот на неговата сопруга. Ја познавал својата потенцијална идна сопруга, но не премногу добро, а ја избрал меѓу други пет потенцијални „млади моми“.

„Мислам дека се познаваа. Мислам дека се советуваше својот дедо за ова прашање. Имаше само 22 години. Се сеќавам дека зборував за пет или шест различни девојки. Застанаа во расправта на една“, објаснува таткото Абдулманап и додава дека дедото е стручњак за сите прашања.

„Тој се прашува за се. Хабиб прво разговараше со него. Ако му е срам да разговара со мене за некоја тема, веднаш му се обраќа на својот дедо Магомед. Тие се многу блиски. Ако Хабиб денес пристигнал тука, веднаш навечер би отишол кај својот дедо“.

Запрашан како е можно Хабиб да избирал меѓу шест девојки, неговиот татко одговорил:

„Не знам точно. Но, неопходно е да добие дозвола од дедо му. Тоа е заедничка одлука“.

Русинот и понатаму е непоразен во професионална кариера. Неодамна стана шампион на UУФЦ со победата над Ал Јакинта со едногласна одлука на судиите. Се очекува да влезе во рингот на крајот на годината со Конор Мек Грегор, но конечниот договор сé уште не е постигнат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО