АктуелноДомашна сценаТаеквондо

„Скопје опен Рамус Г-1“ ја собира светската таеквондо елита во Скопје

Светски теквондо сили како Британија, Кина, Шпанија, Франција, Италија и уште 35 држави ќе учествуваат на еден од најголемите спортски настани во Македонија во последниве години.

Скопје опен Рамус Г-1 е турнир со висок ранг, каде се освојуваат бодови за олимписка норма, вистинска можност нашата земја конечно да биде домаќин на врвен спорт од светски калибар.

Турнирот е во организација на ТК Бутел, Македонската таеквондо федерација и ТК Рамус, а генерален поддржувач на настанот е Владата на Република Македонија.

Овој турнир ќе се организира на 4 и 5 април, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје. Свеченото отворање ќе се одржи на 4 април од 12.00 часот.

Посебна вредност на настанот е што македонските репрезентативци се сериозни кандидати за медали, и покрај силната меѓународна конкуренција.

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON