Осенсеи успешно го организира Државното опен првенство во џиу џицу со многу освоени медали

Викендов Џиу џицу клубот Осенсеи од Штип беше домаќин на Државното опен првенство, на кое учествуваа 90 натпреварувачи – 50 од Македонија и 40 од соседните држави: Србија, Босна и Херцеговина (Република Српска) и Грција.

„Голема благодарност до сите гости кои ја прифатија нашата покана и несебично придонесоа, не само со своето учество, туку и со помош во организацијата, особено во делот на судиската екипа и записничката маса, со што првенството помина во најдобар можен ред“, вели првиот човек на клубот Виктор Велинов и додава:

„Нашите натпреварувачи настапија одлично, борејќи се најпрво во своите тежински категории, а потоа и во „апсолутни“ категории“.
Медали за Осенсеи ги освоија:
Јован Шишков – 1 и 2 место
Петра Јанковска – 2 и 3 место
Немања Павиќ – 1 место
Ангела Антониевска – 2 и 3 место
Данил Николиски – 1 место
Софија Стефанова – 2 и 3 место
Анамарија Мицова – 3 место
Нина Карева – 1 и 2 место
Никола Коцев – 1 и 3 место
Матеј Нофитов – 2 х 1 место, 1 х 2 место и 2 х 3 место
Марија Божиновска – 1 и 2 место
Наум Грпов – 2 х 1 место и 2 х 2 место
Станислав Грпов – 1 место
Јован Николиски – 1, 2 и 3 место

„Им честитаме на сите натпреварувачи за одличните резултати, посветеноста и борбениот дух!
Нашиот тим продолжува да работи со исто темпо и уште поголема мотивација за идните предизвици.
Голема благодарност до сите кои придонесоа ова првенство да биде успешно организирано и реализирано на високо ниво“, истакнува Велинов.



