Скандалозно: Бобан Данов претставен како од Европа на ЕП во Атина, Грција (ВИДЕО)

Бобан Данов (+100 кг) во првото коло на Европското првенство во самбо се бореше со Шпанецот Давид Фернандез и загуби со 0-9, а во четвртфиналето ги чекаше Белорусинот Јури Рибак.

Сепак, она што паѓа во очи е жребувањето на Данов како од Европа, а така се водеше и на официјалниот монитор, иако на кимоното ја носеше кратенката МКД. За ова ќе треба да се произнесат од нашата делегација. Од друга страна, првенството е чудно, бидејќи многу тешко се доаѓа до резултатите.

Претходниот ден Аце Арсов е претставен од Македонија со кратенката МКД.

 

Во оваа категорија медали освоија:
1.Артем Осипенко (Русија)
2.Јури Рибак (Белорусија)
3.Станислав Бондаренко (Украина)
3.Берџеншвили (Грузија)

Борбата на Данов е на 1:16:30.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО