Скандал во граплинг: Заплашуваат со убиство ѕвезда на најголемата организација

АДЦЦ/ ADCC (Abu Dhabi Combat Club) го изгради своето име во последните неколку години како најголема боречка организација во светот, но сега е време за првиот спектакуларен скандал. Една од големите ѕвезди во организацијата, Крег Џонс, тврди дека добил смртни закани од раководството, објави Спортскееда.

„Сите мора да сфатите дека јас не сум Мо Јасим. Ми ја напаѓаш работата и заебаваш се за што сум работел последниве 5 години. Ако ме нападнеш мене, моето семејство или жена ми, ќе те испратам кај Мо. Ќе ве убијам сите. Не го велам тоа лесно. Те предупредувам дека ќе ти ставам крај на животот“, гласеше една од лутите пораки до Џонс на социјалните мрежи од еден од водечките организатори на АДЦЦ, Сет Даниелс.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Craig Jones (@craigjonesbjj)

Се чини дека скандалот изби по одбивањето на Австралиецот да се натпреварува на претстојното Светско првенство во август, откако беше сребрен медалист на турнирите во 2019 и 2022 година.

Џонс тврдеше дека главната причина поради која се разделил со организацијата е тоа што не бил финансиски платен за неговите настапи. Се чини дека неговите тврдења ги налутија Даниелс и неговите колеги кога станува збор за такви сериозни закани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО