Ситичаи Ситсонгпеенонг на Глори 50 во Чикаго по трет пат ја одбрани титулата на шампион во лесна категорија.
26-годишниот Тајландец со едногласна одлука на судиите по пет рунди го победи предизвикувачот Кристијан Беј.
Борецот со анголско потекло во борбата со Ситичаи влезе по четири победи од исто толку настапи за Глори во кој се вклучени освојувањето на турнирот (Анатолиј Моисеев и Масаро Гледер) и победи против Џош Јаунсеј и Само Петје.
Ситичаи е 8-1 во Глори, а единствениот пораз го доживеа со контроверзна судиска одлука против Робин Ван Росмален.
https://youtu.be/hnVkplPw_nY
.