Лирија во сениорска и Балканец во кадетска конкуренција се победници на Државното изборно првенство(ФОТО)

Лирија со тесна разлика триумфираше во вкупниот пласман во сениорска конкуренција на Државното изборно првенство во Штип, а Балканец во кадетска.

Во кадетска конкуренција првото место го освои Балканец со 3о бода, Тефејуз 29 и Лирија 16. Во сениорска конкуренција Лирија го освои првото место со 45 бода, Балканец 25, Бучим 24, Олимпија 11, Тефејуз 10.

Може да радува бројот на натпреварувачи во сениорска конкуренција 86 борачи, во кадетска 54 и 13 во женска, вкупно 153.

Имаше квалитетни борби, при што повратниците во борењето Дејан Митров, Горан Атанасов, Александар Стојанов тоа го крунисаа со титули. Владимир Егоров беше надмоќен, како и Бобан Савев и Могамедгаџи Нуров.

Првенството за прв пат имаше видео технологија за следење на борбите, а радуваше и присуството на публиката.

Елмедин Сејфулаху се сретна со клупскиот другар од Лиријаи Фати Вејсели до 61 кг се сретнаа во првото коло и по изедначена борба за загуби борбата. Владимир Егоров (61 кг, Балканец) во првиот настап за клубот на државните првенства славеше против Леонардо Насески од 7 Мај Леов, но доста храбро и пристапи на борбата. Потоа Егоров го совлада и Фати Вејсели со технички туш.

Возбудлива борба водеа штипјаните Далибор Богданов (70 кг, Вардар) и Мето Тасев (Балканец) која на крајот ја доби Богданов. Во оваа категорија и мечот меѓу Астрит Исмаили (Лирија) и Јетмир Имеровски (Тефејуз) ја подогна атмосферата, која на карјот му припадна на борачот на Лирија.

Беслим Муртезани (74 кг, Лирија) ефектно го тушираше Влатко Анчев од Бучим.

Бобан Савев (92 кг, Балканец) го забележа најбрзиот туш во првата рунда на натапревари против Кадир Камбери (Борец). Исто така и втората против Рамадан Мусафовски. Самир Ибраимовски (92 кг, ФБСМ) приреди изненадување совладувајќи го Рамадан Мусатфовски (Чаир). И во третата борба Савев извојува победа без борба проти Ибраимовски со која го освои првото место.

Џан Демиров (57 кг, Балканец) и Амар Мурат (Тефејуз) водеа жестока борба во втората рунда на натпревари. Победникот се доби со прегедување на видео сниката, бидејќи последната акција го одлучи победникот, при што дојде малку и тензична ситуација, но брзо се смири. Од Тефејуз сметаа дека нивниот борач треба да добие 4 бода со што ќе победеше. Но имаше неколку челинџи на кои изгубија поени. Тие сметаа дека судиите и делегатот се пристрасни. За победник е прогласен Демиров.

Александар Здравев (-70 кг, Бучим) го побди Абдулфета Османи (Лирија) со технички туш во интересна борба. Астрит Исмаили славеше со туш против Далибор Богданов, што беше мало изненадување.

Столе Ефтимов (86 кг, Лирија) ја имаше иницијативата против Бунјамин Нуиши (тефејуз), но борачот на Тефејуз искористи невнимание и го тушираше противникот во првата рунда.

Кај кадетите Аид Салихаси од Тефејуз стартуваше фуриозно со брза победа со технички туш на Октај Мамутов. Исто така беше и во наредната борба и во финалната.

Бобан Данов и Аце Арсов од Балканец не се појавија на мерењето. Ќе се појавеле на Државното првенство.

На Држваното изборно вкупно настапија 153 борачи – 86 сениори, 54 кадети и 13 жени.

Резултати 
Сениори
57 кг
1.Минир Реџепи – Лирија
2.Џан Демиров – Балканец
3.Халид Османи – Лирија
3.Амар Мурат – Тефејуз

61 кг
1.Владимир Егоров – Балканец
2.Фати Вејсели – Лирија
3.Елмедин Сејфулаху – Лирија
3.Леонардо Насески – 7 Мај

65 кг
1.Ријад Реџепи – Лирија
2.Иван Јанев – Бучим
3.Орхан Џафери – Лирија
3.Фуркан Јаја – Тефејуз

70 кг
1.Раиф Камбери – Лирија
2.Влатко Јованов – Бучим
3.Александар Здравев – Бучим
3.Астрит Исмаили – Лирија

74 кг
1.Бехар Мамути – Чаир
2.Омер Сејфулаху – Лирија
3.Беслим Муртезани – Лирија
3.Фиданчо Јованов – Бучим Шампиони

79 кг
1.Дејан Митров – Балканец
2.Петар Тодев – Олимпија
3.Фуат Ќаиловски – Лирија
3.Бајрам Хајдари – Тефејуз

86 кг
1.Горан Атанасов – Бучим
2.Бунјамин Нуиши – Тефејуз
3.Столе Ефтимов – Лирија
3.Увејз Фејзулаху – Лирија

92 кг
1.Бобан Савев – Балканец
2.Кадир Камбери – Борец
3.Рамадан Мустафовски – Чаир
3.Самир Ибраимовски – ФБСМ

97 кг
1.Магомедгаџи Нуров – Вардар
2.Рамазан Бакија – Лирија
3.Влатко Зајков – Бучим Шампиони
3.Шукри Асани – Тефејуз

125 кг
1.Александар Стојанов – Бучим
2.Орхан Имери – ФБСМ
3.Мите Здравев – Бучим
3.Михаил Николов – Олимпија

сениорки
48 кг
1.Стефанија Христовска – Вардар
53 кг
1.Ерика Крстевска – Вардар
55 кг
1.Ребека Василевска – Вардар
50 кг
1.Марија Стојановска – Вардар
2.Марија Кузмановска – Вардар
57 кг
1.Исидора Несторовска – Вардар
2.Лира Сеидиу – Вардар
62 кг
1.Билјана Дамчевска – Вардар
65 кг
1.Мартина Вељановска – Вардар
2.Тамара Игнатовска -7 Мај
68 кг
1.Марија Рангелова – Вардар

Кадети
41-45 кг
1.Бесир Алили – Лирија
2.Зулчуфли Асани – Тефејуз
3.Ненад Панов – Балканец
3.Стефан Штерјов – Балканец

48 кг
1.Аид Салихаси – Тефејуз
2.Реџеп Поцеста – Лирија
3.Мухамед Феруку – Лирија
3.Окан Мамудов – Балканец

51 кг
1.Идриз Идар – Чаир
2.Дарио Димитров – Балканец
3.Албан Хаки – Тефејуз
3.Харбин Синани – Дрвен

55 кг
1.Мухамед Исмани – Чаир
2.Ваљон Бајрами – Лирија
3.Омер Ибраими – ФБСМ
3.Едон Цаколи – Тефејуз

60 кг
1.Филип Тасев – Балканец
2.Аќиф Азизи – ФБСМ
3.Елведин Фета – Лирија
3.Стефан Димитров – Бучим

65 кг
1.Давид Мишев – Балканец
2.Фадил Назифов – Балканец
3.Ридван Љатифи – Лирија
3.Арсим Беќировски – Студеничани

71 кг
1.Реџеп Хајдари – Тефејуз
2.Благој Спасов – Олимпија
3.Филип Стојков – Балканец
3.Мурис Цановиќ – Борец

80 кг
1.Адем Асани – Тефејуз
2.Стефан Јованов – Бучим
3.Агон Селими – ФБСМ
3.Сакип Мемеди – Лирија

92 кг
1.Јусуф Пајазити – Тефејуз
2.Петар Костов – Балканец
3.Николче Атанасов – Бучим

 110 кг
1.Волкан Амедов – Бучим

кадетки
55 кг
1.Олгица Коцева – Безбедност
65 кг
1.Бојана Лазаревска – Безбедност
Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО