Сирил Гане и Александар Волков ќе ги одмерат силите на 26 јуни

Сирил Гане и Александар Волков ќе ги одмерат силите на УФЦ настанот на 26 јуни кој ќе го предводат. Нивната битка ќе биде главна на вечерта, а локацијата сè уште не е позната. И двајцата имаат претензии за титулата во тешка категорија и нивната средба ќе го приближи победникот до појасот.

Волков има скор 33-8 во ММА и доаѓа по победата над Оверем. Александар е во серија од две последователни победи, притоа 25 меча се со завршница. Тој е поранешен шампион во Белатор и М-1, а 4 од неговите порази се со завршница.

Гане има учинок 8-0 во ММА и доаѓа по победата над Розенструик. Сирил е поранешен шампион во ТЦО, а завршил 6 меча.

Многу навивачи го сметаат Гене за иден шампион, но на средбата со Волков ќе го видиме неговото ниво. Во последната битка со Розенструик Ганене покажа многу, за што доби критики од Дана Вајт.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО