Чимаев: Јас сум шампионот!

Ѕвездата во подем на УФЦ, Хамзат Чимаев објасни зошто се смета себеси за вистински УФЦ шампион во полусредна категорија, не сметајќи го носителот на појасот Камару Усман.

„Сите изгубивте, јас сум без пораз и јас сум шампион овде“, напиша чеченскиот борец на Инстаграм, објавувајќи визуелна слика за соочување со актуелниот шампион на УФЦ.

Хамзат Чимаев, кој закрепнува од коронавирусот, планира да се врати во октагонот ова лето, посочувајќи го Нил Магни за потенцијален ривал. Камару Усман ќе биде во кафезот на 24 април на УФЦ 261 во Џексонвил во реваншот за титулата против Хорхе Масвидал.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО