Во Сараево од 19 до 27 октомври се одржува Светскиот шампионат во кик бокс на ВАКО во дисциплините К-1, лоу кик и кик лајт.
Во главниот град на Босна и Хрецеговина ќе настапат и значителен број истакнати професионалци, но едно интересно име е на списокот на репрезентациите на САД.
Станува збор за Зевс Фрејзер, син на поранешниот шампион во тешка категорија и олимписки победник во 1964 година во бокс, Џо Фрејзер.
Зевс е висок 218 сантиметри и тежи над 130 килограми и има 39 години.
Се занимаваше со бокс, а во август го направи професионалното деби во кикбоксот, а потоа се најде на списокот на аматерскиот тим на САД за Сараево.
Ќе се натпреварува во дисциплината К-1 во категоријата над 91 килограм.
Џо Фрејзер се смета за еден од најголемите тешкаши на сите времиња. Познат е и по трите борби со Мухамед Али. Почина во 2011 година од рак.