Федор против Џексон на новогодишниот настан на Ризин (ВИДЕО)

Две поранешни ѕвезди на Прајд ќе го предводат настанот на Ризин на 29 декември.

Поранешниот шампион Прајд во тешка категорија, Федор Емелијаненко (38-6-1НЦ) во Токио ќе се бори со човекот кој ги обедини титулите на Прајд и УФЦ, Квинтон Џексон – Ремпејџ (38-13).

43-годишниот Русин последен пат се бореше кога загуби со нокаут во 35 секунда од Рајан Бадер во финалето на Големата награда Белатор.

Две години помладиот Американец не се борел од септември минатата година кога го нокаутираше Вандерлеј Силва по втор пат во нивната четвртата борба.

Настанот се одржува во соработка со Белатор и ќе учествуваат неколку борци на американската промоција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО