Симона Заборска: Јуниорка сум, но ќе освојам сениорски медал

Јас, се уште сум јуниорка и ова е големо искуство за мене, вели нашата репрезентативка Симона Заборска, која со малку повеќе среќа можеше да се закити со медал од Светското првенство во карате во Германија. Но таа не е разочарана, туку верува дека времето работи за неа.

simona zab medal

„Се надевам и верувам дека во иднина ќе успеам да освојам сениорски медал. Како поминуваат деновите мене ми е потешко, бидејќи навистина бев блиску до борбата за медал“, истакува Заборска, која во конечниот пласман го зазеде 9 место.

Симона Заборска во категоријата до 55 килограми, со судиско изјаснување, беше елиминирана од Жана Мелник (Украина), откако мечот во регуларниот дел заврши нерешено 1-1.

„Со Украинката Жана Мелник, која е искусна спортсика и освојувач на медал од ЕП, имав тешка борба. Иако резултатот беше 1-1, за жал, судиите се одлуќија победата да и ја доделат нејзе. Потоа таа ја победи и претставничката на Кореа и с ебореше за медал. Бев многу блиску до борбата за медал. Бев добро подготвена, но загубив минимално од најдобрата, Италијанката Сара Кардин, со 1-0“, со тага за пропуштеното истакна Заборска.

ipon.mk/ В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО