Симона Заборска е во финалето на Светското универзитетско првенство во Брага

 

Simona Zaborska Lasko 2016

Симона Заборска (-55 кг) е во финалето на Светското универзитетско првенство во карате во Брага-Португалија. Во финалето ќе се сретне со Емили Туј од Франција.

Заборска до финалето забележа три победи и тоа против Саида Џедра од Алжир со 1-0, Лерез Марис од ЈАР 1-0 и Аја Ибрахим од Египет 2-0.

Да потсетиме дека неодамна Заборска на Универзијадата во Загреб го освои сребрениот медал.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО