Неславен крај за професионалните боксери во Рио

Profi bokser od FR na OI

Последниот преживеан професионален боксер кој се избори за норма на Олимписките игри во Рио де Жанеиро испадна од понатамошните борби.

 Амнат Руенроенг (Тајланд) беше нокаутиран во третата рунда од 21-годишниот Софијан Умиха (Франција).

Тајланѓанец се претстави многу слабо и беше елиминиран. Пред него тоа се случи и со другите двајца професионалци – Хасан Н’Дам Н’Жикам (Камерун) и Кармине Томазоне (Италија).

Руенроенг беше критикуван поради огромните судиски попусти кои ги доби за време на олимписките квалификации во Венецуела. Тој го доби првиот меч во Рио, но отпадна од натамошните борби по вториот меч.

https://youtu.be/yU7GgbzmAZY

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО