Симона Симовска освои сребрен медал на Будимпешта опен 2016

simona-simovska-na-busimpesat-open-2016

Симона Симовска од Карате клубот тигар од Беловиште-Тетово освои сребрен недал на „Будипешта опен 2016“ изминатиов викенд во кадетска конкуренција.

На патот до финалето Симовска (+54 кг) стигна со победите над Луцие Штроблова од Чешка 3-1, Вероника Острихолова од Словачка 5-1 и Катерина Сандовска од Украина 3-0. Симовска во финалето беше поразена од Мрцедес Нахолова од Словачка со 2-0.

Во нејзината категорија имаше од 27 натпреварувачки.

„На турнири од овој калибар како „Будимпешта опен“ придонесуваат за запознавање со клубовите и  натпреварувачите од државите кој не можеме да ги видиме на Балканско првенство или на турнирите од регионот, но и да се стекнеме со поголемо искуство за поголемите натпревари кој не очекуваат во наредниот период“, вели тренерот на КК Тигар, Сребра Мишовска, притоа додаде дека оваа сезона, во најмала рака, очекуваат  од Симона да го повтори успехот од минатата година, која за млад клуб како КК Тигар 2015  била најуспешна година.

„Покрај големите клубови во Македонија успеваме некако да ги следиме сите трендови и гордо да се носиме со сите порази и победи. Како и сите други клубови сонот ни е Олимпијадата во Токио 2020 година“, вели Мишовска.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО