Силвио Мировски освои сребрен медал на ЕП во кик бокс, трет за Македонија

Силвио Мировски е носител на сребрениот медал на Европското првенство за деца, кадети и јуниори во кик бокс во Истанбул, Турција. Тоа е вкупно трет медал за Македонија на ЕП – 2 сребрени и 1 бронзен.

Сребрени медали освоија Мировски и Марија Димовска, а бронза Туркер Исмаил.

Денес во финалето Мировски загуби со 0-3 од Христотс Естадијадис од Грција.

Претседателот на Кик бокс маи таи федерацијата Дејан Митровски Урко во изјава за Ипон.мк вели дека и во полуфиналето и во финалето Силвио се бореше против два светски прваци. 

„Во финалето Силвио изгуби поради искуство и чудниот стил на грчкиот натпреварувач. Имаше многу лажни мрдања за удари, а не пласира удари. Силвио поради помало искуство и несправувајќи се со тие ситуации не успеа да поентира со него во финалната борба“, рече Дејан Митровски-Урко.

Резултати ЕП:

-71 кг лоу кик постари јуниори
Силвио Мировски – Гагик Харутјунјан (Ерменија) 3-0
Полуфинале
Силвио Мировски – Урош Крстиќ (Србија) 3-0
Финале
Силвио Мировски – Христотс Естадијадис (Грција) 0-3

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО