КК Штип најуспешен на Купот на Македонија – следуваат Олимпик спорт и Макпетрол

Карате клубот Штип е најуспешен со 5 медали (4 златни и 1 бронзен) на Купот на Македонија за сениори што се одржа денес во Скопје.

На второто и третото место се Олимпик спорт 5 (3-1-1) и Макпетрол 9 (2-6-1), потоа следат Фунакоши Гичин 6 (2-3-1), Гладјатор 4 (2-1-1), Асиарт 1 (1-0-0), Дебар, Автокоманда и Башкими 1 (0-1-0), Форца, Вардар и Ботони 2 (0-0-2), Дрини, Фати, Арена, Самурај, Ускана, Јошитака, Сансаи Метал Апостолов, Кизаме и Шампион 1(0-0-1).

За учество беа пријавени 78 каратисти од 26 клуба.

Купот на Македонија е од изборен карактер за Светското првенство во Будимпешта, Унгарија, од 24 до 29 октомври.

Тренерите на најуспешата екипа КК Штип, Сашко и Жарко Арсовски се задоволни од постигнатите резултати и најавуваат достоен настап на нивните каратисти во репрезентацијата на Македонија на СП.

Резулатати – Куп на Македонија за сениори:

-50 кг
1.Ивана Јорданова – Штип
2.Гента Села- Дебар
3.Теодора Цветковска – Вардар
3.Михаела Мишовска – Олимпик спорт

-55 кг
1.Јована Греоргиева – Олимпик спорт
2.Симона Заборска – Макпетрол
3.Хани Дрилона – Арена
3.Марија Петровска – Макпетрол

-61 кг
1.Вероника Костовска – Олимпик спорт
2.Викторија Јовановска – Макпетрол
3.Брена Бекири – Форца

-68 кг
1.Ангела Мојсовска – Макпетрол
2.Јована Мицовска – Макпетрол
3.Милена Стојановска – Шампион
3.Канита Бериша – Форца

+68 кг
1.Бојана Манева – Штип
2.Надежда Василевска – Автокоманда
3.Мелиха Омеровиќ – Вардар

-60 кг
1.Матеј Белистојаноски – Олимпик спорт
2.Фахик Весели – Олимпик спорт
3.Даниле Карамов – Гладијатор

-67 кг
1.Емил Павлов – Штип
2.Давид Петков – Макпетрол
3.Стефан Стојмиров – Гладијатор
3.Дритон Халими – Фати

-75 кг
1.Григор Хаџи-Кимов – Штип
2.Мурсел Мисини – Башкими
3.Димитар Илиевски – Ботони
3.Љупче Михајлов – Штип

-84 кг
1.Петар Спасеновски – Макпетрол
2.Витомир Трајковски – Макпетрол
3.Хамза Зулали – Дрини

+84 кг
1.Берат Јакупи – Асиарт
2.Стефан Стојановиќ – Макпетрол
3.Данило Божовиќ – Макпетрол

Екипно мажи кати
1.Фунакоши Гичин
2.Гладијатор
3.Јошитака

Екипно жени кати
1.Гладијатор
2.Фунакоши Гичин

Кати жени
1.Мартина Арсовска – Гладијатор
2.Јована Манчевска – Фунакоши Гичин
3.Данка Стојкова – Сансаи Метал Апостолов
3.Анастасија Минговска – Ускана

Кати мажи
1.Кристијан Бајовски – Фунакоши Гичин
2.Давид Спасовски – Фунакоши Гичин
3.Александар Спасовски – Фунакоши Гичин
3.Марко Бунтески – ЈКШ Центар Самурај

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО