Борбата меѓу Келвин Гастелум и Насурдин Имавов требаше да биде водечка на настанот УФЦ Фајт најт 217 овој викенд во Лас Вегас.
Но, Гастелум го откажа мечот поради повреда, а наместо него скокна Шон Стрикленд, кој исто така настапи на последниот настан минатата година.
Тогаш Стрикленд загуби со поделена одлука против Џаред Канониер, негов втор пораз по ред.
Во јули загуби од Алекс Переира со нокаут во првата рунда.
„Не сакав така да ја започнам 2023 година, навистина сум разочаран. Поминав низ тешки подготовки и бев подготвен да направам врвно шоу“, изјави Келвин Гастелум на Твитер и им се извини на сите.
Насурдин Имавов има четири победи во пет настапи за УФЦ. Во својот последен настап во септември со едногласна одлука го победи Хоакин Бакли.