Објавија нови фотографии од филмот „Роуд хаус“ со Конор Мек Грегор

Скрин од скрипт сподели нова фотографија од филмот Роуд Хаус, во кој главната улога ја толкува поранешниот ирски шампион во две тежински категории на УФЦ, Конор Мек Грегор. Заедно со него во филмот глуми и познатиот холивудски актер Џејк Гиленхал.

Новиот филм на Мек Грегор е римејк на филмот Роуд хаус од крајот на 1980-тите во кој глуми Патрик Свејзи. На почетокот на август 2022 година, беше откриено дека Конор ја добил главната улога во римејкот на Роуд хаус од Амазон студио.

Улогата на Мек Грегор се уште е непозната, но тој сподели фотографии од сетот пред извесно време. Сликите покажаа дека е облеан во крв, што значи дека најверојатно бил претепан. Џиленхал ќе глуми поранешен борец на УФЦ кој се обидува да обнови куќа во Флорида Кис

Очигледно Конор ќе му помага на Џиленхал, бидејќи од најновата фотографија можеме да видиме дека двајцата се заедно во вода со чамец.

Еве ги најновите фотографии од филмот, кој ќе излезе подоцна оваа година:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО