Тајсон: Најдобрите години во животот ми се оние минати во затвор

Поранешниот боксер Мајк Тајсон гостуваше во The Pivot Podcast и во текот на разговорот откри дека најубавите години од неговиот живот биле оние што ги минал во затвор.

Објасни дека додека ја издржувал затворската казна, пронашол мир во неговиот хаотичен живот.

„Многу сум благодарен. Јас сум добар човек, убаво се однесував со сите. Најубавите три години од мојот живот ги поминав во затвор“, изјави тој.

На прашањето дали му недостига луксузниот живот, Мајк вели дека без внатрешен мир, таквиот живот ништо не значи.

Како го минувал времето во затвор?

Тајсон откри дека во затворот одржувал дисциплинирана рутина за вежбање за да се подготви за враќање во рингот.

Нападнал затворски чувар

Призна дека на почетокот не било сè толку сјајно и дека добил дополнителна година затвор поради напад на затворски чувар, бидејќи кога пристигнал бил многу лут.

Осуден поради силување

Тајсон во 1992 година беше осуден на 6 години затвор поради силување на 18-годишна натпреварувачка во натпреварот Мисс Блацк Америца во САД. Од затвор излезе во 1995 година, откако казната му беше намалена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО