Шон О’Мeли сака да се бори со Конор Мек Грегор на гала вечер

Новиот шампион во бантам категорија на УФЦ, Шон О’Мели сподели лична порака што ја добил од иконата на УФЦ Конор Мек Грегор.

„Озлогласениот“ е еден од оние кои го пофалија О’Мели по неговата убедлива победа над Алџамејн Стерлинг. Големата победа на О’Мели над Стерлинг дојде за време на нивната борба за титулата на настанот УФЦ 292 што се одржа минатиот викенд во Бостон.

Решавачкиот момент дојде кога О’Мели зададе контраудар од десната страна. Ова го отвори патот за немилосрдниот напад со граунд и паунд што кулминираше со освојувањето на титулата во бантам категорија на УФЦ.

Во искреното интервју со Пет Мекафи, Шон ја сподели содржината на пораката што ја добил од Мек Грегор.

„Конор првпат ми испрати порака на Инстаграм. Тој напиша: „Душо, го направивме тоа“. Јас одговорив: „Секако, по ѓаволите, го направивме тоа“.

Го прашав дали во декември ќе ја предводи последната гала вечер на УФЦ во 2023 година. Не ми даде точен одговор, но се надевам дека ќе се бори во декември. Сакам да бидам главен на неговиот настан“, изјави О’Мели.

Очекуваното враќање на Мек Грегор во декември изгледа неизвесно поради неговата тешка ситуација со УСАДА. Мек Грегор е надвор од октагонот по последниот пораз во јули 2021 година од Дастин Пориер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suga Sean O’Malley (@sugasean)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО