Хабиб Нурмагомедов: Психата е најважното нешто во ММА

Поранешниот шампион на УФЦ во лесна категорија (до 70 кг), а сега член на Куќата на славните, Хабиб Нурмагомедов, го посочи она што го издвојува од другите.

Дагестанската легенда смета дека психата е најважна во ММА. „Орелот“ претставува пример за многу борци кои се ѕверови во теретана, но во октагонот се прекршени од рефлекторите. Хабиб успеа да остане непоразен во ММА и се повлече со скор од 29-0.

„Сум видел многу борби и можам да ви кажам дека многу момци се распаѓаат пред да влезат во кафезот. Иако тие луѓе во салата се животни. Но, кога ќе дојде моментот и ќе ги гледаат 16.000-20.000 луѓе, не можат да блеснат.

Тоа е затоа што не можат да се справат со своите емоции. Многу е тешко затоа што многу работи ви се вртат низ глава. Како се справив со оваа работа? Не можам точно да одговорам.

Верувам дека треба да се родиш со тоа. Можеш да тренираш, можеш да се оспособиш, но ако го немаш тој менталитет, ќе се скршиш“, рече Нурмагомедов на ПБД подкастот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Game Plan (@meta_gameplan)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО