Порази на двајца наши боксери на Златната ракавица на Војводина

Двајца македонски боксери излегоа на рингот на Златна ракавица на Војводина во Суботица, Србија, и, за жал, беа поразени.

Мартин Јузмески загуби со прекин во првата рунда од Натвеј Маковеј од Русија, додека Ардијан Рустемовски беше поразен на поени од Индиецот Ганга 0-3 (3 х 27-29).

Резултати:

-48 кг Мартин Јузмески – Натвеј Маковеј (Русија) 0-3 ТКО Р1

-48 кг Бајрам Мамутовски – Северџан Гаши (Србија)

-54 кг Ардијан Рустемовски – Ганга (Индија) 0-3 (3 х 27-29)

На турнирот за младинци учествуваат во 48 боксери и 17 боксерки од Австрија, Хрватска, Унгарија, Индија, Македонија, Израел, Полска, Романија, Русија и Србија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО