Многумина во Шон О’Мели видоа огромен борбен потенцијал, а истото го направи и претседателот на УФЦ, Дана Вајт, кој го донесе во промоцијата во 2017 година.
Шест години подоцна стигна до тронот во бантам категорија.
Минатиот викенд на УФЦ 292 во Бостон О’Мели го победи Алџамејн Стерлинг со прекин во втората рунда и го освои шампионскиот појас.
И во 2017 година, во пресрет на неговото појавување на турнирот од Дан Вајт контендер серијата, Шон изјави дека ќе биде поголема ѕвезда од Конор Мек Грегор.
Познатиот Ирец е интересен каде и да се појави, а привлекува огромно внимание кај фановите и медиумите.
„Се сеќавам на таа изјава, кога реков дека ќе бидам поголем од Конор Мек Грегор. За тоа ме критикуваа многу луѓе, а преку социјалните мрежи дојдоа многу хејтери. Но, јас навистина мислев така во тоа време. Знаев дека морам да продолжам да работам и да тренирам. Одличните настапи и нокаутите ќе ме донесат до врвот“, изјави Шон О’Мели и додаде:
„Сега треба да ја одбранам титулата, а уште еден нокаут навистина би ми дошол и би ми помогнал на патот до статусот на ѕвезда. Преселба и во повисока категорија, но во моментов не сакам да се борам со Александар Волкановски. Се надевам дека ќе се бори против Илија Топурија. Но, ако победи Илија, тогаш би сакал да се префрлам во перо категорија. Би сакал да се борам против Топурија. А ме интересира и боксерскиот меч со Џервонта Дејвис“.