Актуелниот шампион на УФЦ во бантам категорија Шон О’Мeли изјави дека намерно загубил од Марлон Вера.
Во својата последна борба, која се одржа на УФЦ 292, О’Мeли се соочи со Алџамејн Стерлинг. Борбата траеше две рунди и заврши со победа на Шон со ТКО. Благодарение на оваа победа, О’Мели стана сопственик на шампионскиот појас на УФЦ во бантам категорија.
О’Мели има 19 борби во кои добил 17 победи (12 со нокаут) и претрпе 1 пораз, а уште една борба со негово учество е прогласена за неважечка. Шон ја загуби серијата без пораз од Марлон Вера во август 2020 година. Вера го нокаутира уште во првата рунда.
„Шугар“ го демантира поразот и тврди дека се уште е непоразен во ММА. Шон неодамна призна дека загубил од Марлон, но поразот бил намерен.
„Всушност, јас играм шах долго време. Ја загубив оваа борба намерно за да можам потоа да влезам во рингот и да го нокаутирам Стерлинг и да го направам овој реванш со Вера главен настан“, рече Шон за ММА Фајтинг.