Штипски Осенсеи освои 6 медали – 3 златни и 3 сребрени на Меѓународниот џиу џицу турнир „Трофеј на Јахорина 2023“ во Пале, Босна и Херцеговина.
Станислав Грпов е прогласен за најдобар натпреварувач на турнирот во дисциплината „не ваза“.
Медалите ги освоија:
Станислав Грпов – 1-во место место за сениори во не ваза -62 кг, 2-ро место во сениори во не ваза -77 кг и 2-ро место во У21, Не Њаза -69 кг;
Данил Николиски – 1-во место во У-18 борби -55 кг и 2-ро место во У-21 борби/ фајтинг -62кг;
Јован Николиски – 1-во место во У-14 борби -30 кг.
На турниот имаше претставници од сите екс-југоловенски држави..
„Сите борци од нашиот клуб покажаа одлични борби. Да им честитаме за постигнатите резултати“, велат од клубот.