Шеро Мамутовски не се пласира во финалето на „Мустафа Хајруловиќ -Талијан, Петар Арсовски ќе се бори за златото

Шеро Мамутовски (51кг) загуби на поени 3-0 од Хименез Итурбе од Шапанија на Меѓународниот боксерски турнир „Мустафа Хајруловиќ -Талијан“ во Сараево, Босна и Херцеговина, и не се пласира во финалето, каде што директно се пласира Рафаел Лозано, исто така Шпанија.

Вториот наш претставник Петар Арсовски (54 кг) утре ќе се бори во финалето против Сали Палапиуц Романија кој славеше со нокаут против Виде Пркачин од Босна и Херцеговина.

Турнирот е во календарот на ЕУБЦ и учествуваат боксери од 21 држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО