Регуларноста на карате Купот на Македонија е нарушена пред да почне?!

Утре во Охрид се одржува Купот на Македонија во карате за кадети, јуниори и У-21 кој е од изборен карактер за Светското првенство во Коња, Турција, од 26 до 30 октомври, но кај кубовите и тренерите се јавува револт, од изборот на домаќинот за Купот, од претстојот и учетсвото.

За многумина Охрид е далеку, бидејќи треба многу рано да се стане и да се отпатува до таму, така што натпреварувачите воопшто нема да се одоморени за овој клучен настап кој е за избор на репрезентацијата. Освен тоа, каратистите треба да поминат поголем дел од денот в сала, што не е хумано спрема младите натпреварувачи. Секако, како посебен елемнт се ставаат финансиите. Како што вели еден тренер: „Патот до Охрид за еден натпрварувач ќе ме чини 100 евра, пари што ги немаме“.

Дел од тренерите претпочитаа централно место за Купот на Македонија, како Велес или Скопје, на тој начин ефектите ќе беа поголеми, бидејќи натпреварувачите ќе се поодморени и финансиски многу помалку ќе ги чини.

Заради ова, дел од тренерите сметаат дека регуларноста на Купот е нарушена.

Додека клубовите иницијатори за гласање доверба на претседателот излегоа со свој став околу Купот на Македонија, кој истиот го испратија и до Ипон.мк.

„Во пресерет сме на претстојното Изборно првенество за учество на Светското првенство за јуниори и кадети, кое Извршниот одбор на КФМ насилно го преименува во Куп на Македонија. На ова првенство (куп) пријавени се вкупно 51 клуб од Македонија со вкупно 233 натпреварувачи. Ако го погледнеме составот на клубовите можеме да ве информираме дека од овие 51 клубови, околу 60% од клубовите ја подржуваат опзицијта а само околу 40% од клубовите го подржуваат актуелното раководство и претседател а со него и почесниот претседател.

Од тие причини, драги колеги, тие кои се уште се колебате или успеале да ве придобијат со лажните и понижувачки помошнички селекторски места, или со други лажни функции во федерацијата, охрабрете се и придружете се на странаата на каратето а не на страната на неколкуте функционери кои црпаат финансискаа корист од федерацијата и од нашите клубови. Придружите ни се и бидете дел од нас,  кои го создаваме квалитетното карате во нашата држава. Придужете се за да воспоставиме чесни односи во Федерацијатаа, да го издигнеме тренерот на клубот на највисоко ниво. Ако вашиот натпреварувач постигне резултат сите почести, признанија и награди да одат кон вас а не кон некој друг кој случајно се нашол на некое селекторско место. Да престанат дискриминациите кон едни натпреварувачи и клубови и привилегиите кон мала група натпреварувачи и тренери.

Почитувани колеги, со напис во почитуваниот портал ИПОН се појави некоја личност НОВОСЕЛСКИ. Ве прашуваме дали некој ја познава таа личност, дали некаде ја сретнал во последните 20 години. Не. Ние знаеме која е авторот на текстот кој се стави во одбрана на Белистојановски и Стојановски. Замислете, тој нема храброст да излезе со свое име и презиме како што се појавуваме ние, туку користи туѓо име. Дали тоа не е знак на страв кај таа личност од поразот кој го очекува.

Денес ја добивме саатницата за претстојниот Куп на Македонија. Натпреварите ќе се одржат на две татами и ќе трааат од 8:30 на сабајле до 21:00 навечер. Натпреварите треба да траат 12 часа и 30 минути. Ако се додаде пат до Охрид и назад, на пример од Крива Паланка или Кочаани, најмалку 8 часа тоа е 20 часа и 30 минути. Ве прашувам дали е тоа хумано. Како овие луѓе не третираат нас тренерите и нашите натпреварувачи. Кој може да ги издржи тој напор. Да ве потсетиме и со многу помал број на натпреварувачи секогаш ова првенство или куп се оджувало на три татами. Овие луѓе го изгубија компасот. Треба што поскоро да си заминат. Изборот е ваш“, велат во реакцијата клубовите иницијатори за гласање доверба на претседателот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО