Шенон Бригс и Фрес Оквендо ќе се борат за титулата на ВБА

Шенон Бригс и Фрес Оквендо ќе се борат за титулата на Светската боксерска асоцијација (ВБА) во тешка категорија на 3 јуни.

Средбата ќе се одржи во САД, но се уште не е познат градот домаќин. Боксерите веќе ги договориле условите за средбата.

45-годишниот Бригс (60 победи, 53 со нокаут, 6 порази и 1 нерешен) последен пат боксираше во мај 2016 година, кога го нокаутира Емилио Зара. Потоа шоуменот доби ветување дека ќе се бори со Дејвид Хеј, но Британецот го прескокна.

43-годишниот Оквендо (37 победи, 24 со нокаут и 8 порази) последниот настап го имаше во 2014 година, кога беше оштетен во мечот со Руслан Чагаев.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО