Шенон Бригс: Фјури го победи Кличко заради мене

Senon Brigs go drzat

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Шенон Бригс, исфрли нов бисер од неговиот арсенал. Ветеранот изјави дека Тајсон Фјури го победил Владимир Кличко благодарение на него.

Американецот безуспешно го следеше Украинецот во текот на две години со надеж да си обезбеди средба со него.

„Фјури треба да ми се јави и да ми се заблагодари. Заради мене го победи Кличко, кој веќе беше завршен, бидејќи го гонев насекаде. Сега веќе мојата цел е Фјури. Ќе го преслушам, бидејќи јас сум шампионот“.

Во моментов Бригс е во Велика Британија. Тој има намера да обезбеди меч со некоја од локалните ѕвезди – Фјури, Дејвид Хеј или Ентони Џошуа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО