Шефот на професионалците му се заканува со санкции на Пулев

tomas pjuc

Претседателот на Унијата на професионалните боксери, Томас Пјуц, го критикуваше Кубрат Пулев за неговата одлука да не учествува во официјалната прес-конференција пред мечот за светската титула против Владимир Кличко.

Кобрата одби да присуствува на средбата со медиумите, бидејќи организаторите на натпреварот не дозволија во салата да бидат сите членови на неговиот тим.

„Ова се детски игри од страна на Пулев и „Зауерланд“. Нема да ги оставиме такка работите. Не можам да дознаам што го советуваа Пулев, но очигледно неговиот тим му дал лош совет“, изјави Пјуц.

„Ние сме спортисти и сакаме спортот. Владимир Кличко е еден од најдобрите спортисти во светот. Тој е шампион и заслужува почит, а да не се појавиш на прес-конференцијата е манифестација на недостаток на почит. Ако се продолжи со такви игри, ќе треба да наетнеме санкции“, категоричен рекол Пјуц .

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON