Актуелниот шампион во тешка категорија на Белатор, Витали Минаков, изјави дека неодамна имал тренинг со Федор Емилијаненко и тврди дека ММА ветеранот не ги изгубил силата и брзината.
„Направивме многу добар тренинг камп во Стари Оскол. Имавме многу спаринг партнери од тешка категорија. Научив многу нови нешта и работев во тандем со Федор. Тој ми даде некои корисни совети и од неговиот арсенал ми покажа некои прилично болни техники.
Сега Федор е во добра форма. Технички е многу добар и не изгубил ништо со времето. Се уште има брзи раце, удира силно и е многу функционален. Ги одржувавме контактите со него – меѓусебно си помагаме“.