Шампионот Јасин Лама избран за претседател на Бокс клубот „Чаир”

На изборно Собрание на Боксеркиот клуб „Чаир” македонскиот репрезентативец,освојувач на Златниот гонг и бронзен медал од Балканското првенство,Јасин Лама, е избран за претседател на клубот.

Повеќекратниот шампион на Македонија на оваа позицијаго наследува Фатон Салихукој со многу успех го водеше БК Чаир.

Клубот има ново раководство.

„Чаир” е од големо заначење за боксот во Македонија, 17 години е основа за развојот на боксерскиот спорт во нашта земја, нудејќи надеж и нови можности за домашните боксери, како во Првата лига, така и во Лигата за млади.

Така, Чаир ја освои шампионската титула во Првата лига и Младинската лига, освои повеќе титули на државните првенства, како и други медали.

Боксерите на Чаир освоија медали како на Европското првенство за млади (Петар Арсовски) и на Балканското првенство (Јасин Лама).

„Преку упорноста и напорите досегашното раководство на чело со Фатон Салиху покажа дека боксот е повеќе од спорт. Тоа е еден начин за формирање на карактерот, физичките способности и напорите за постигнување на големи цели. На тој начин Фатон Салиху успешно го водеше боксот кон нови висини во Македонија“, велат од клубот и додаваат:

„Фатон Салиху, како досегашен лидер на „Чаир”, покажа дека со посветеност и јасна визија може да се изгради голем клуб и да се формира нова генерација на талентирани спортисти. Тој е охрабрувачки пример за сите кои веруваат во силата на страста и неуморната работа. Со оваа енергија го започнува своето патување и Јасин Лама“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО