Македонскиот воин – Даниел Стефановски на 29 септември против Гркот Бланас

Македонскиот воин – Даниел Стефановски на 29 септември во Цирих, Швајцарија, ќе има нова пресметка, овој пат против Бланас од Грција.

Борбата е закажано во три рунди на Престиж фајт под покровителство на Реунион промоцијата.

„Светската титула ќе ја бранам идната година во јуни.

За противникот знам дека има големо искуство и дека е псехички е силен“, вели Даниел Стефановски за Ипон.мк и додава:

„Како и секогаш, ќе дадам се од себе за да победам во ова борба за мене и за Македонија“!

Да потсетиме дека неодамна Даниел Стефановски ја одбрани светската титула на ВКУ во К-1 на настанот Гладијаторс најт во Цирих, Швајцарија, против Родриго Минеиро победувајќи го со одлука на судиите 3-0.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО