Шампион со 16 медали втор на Балкан бест фајтерс – Балкански куп во кик бокс

Шампион од Скопје е втор по бројот на освоени златни медали на Меѓународниот кик бокс турнир „Балкан бест фајтерс“ – клупски Балкански куп во Ниш, Србија, со шест злата. Прв е КБК Ниш. Кикбосерите на Шампион вкупно освоија 16 медали – 6 златни, 3 сребрени и 7 бронзени.

Медалите ги освоија:

Далибор Глигоров – бронза, сениори – лајт кик, – 81 кг
Силвана Велјановска – бронза, сениори – ЛК, -56 кг
Андреа Костовска – злато, сениори – ЛК, -56 кг
Марко Тодоров – злато, К-1, -60 кг
Емир Ибраим- злато, К-1, -63,5 кг
Викторија Варадинова – злато, К-1, -65 кг
Енсар Исеин – бронза, К-1, +81 кг
Дамјан Зафоривски – сребро, ЛК, -71 кг
Петар Мијоски – сребро, КЛ, -69 кг
Иво Теовски Сарџовски – бронза, КЛ, +94 кг
Нелсон Узеиор – злато, КЛ, +69 кг
Цецилија Велковска – злато, КЛ, -65 кг
Исмаил Туркер – бронза, пионери, КЛ, -37 кг
Иван Кукуновски – сребрен, пионери, КЛ, -37 кг
Али Елвир – бронза, КЛ, -79 кг
Кадри Џемали – бронза, КЛ, -63 кг

„Бобан Илиоски и Миа Тодорова поради повреди не настапуваа на овој Балкански куп, а другите натпреварувачи, иако имаше многу млади и неискусни, се бореа одлично и за неколку месеци работа со нив ќе носат повеќе медали од меѓународните натпревари што претстојат“, вели тренерот Дејан Митровски – Урко.

На Балкан бест фајтерс настапија 407 натпреварувачи од 14 држави, односно 70 клубови, Македонија ја претставуваа 15 клуба со околу 80 натпреварувачи во повеќе кик бокс дисциплини.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО