Шампион најуспешен клуб на 1.Национално кик бокс првенство

Кик бокс клубот Шампион од Скопје е најуспешен клуб на 1.Национално кик бокс првенство за 2023 година за сите возрасти во категории (татами – кик лајт, ринг– лоу кик и К1) во организација на Кик бокс маи таи федерацијата на Македонија (КМФМ).

Шампион настапи со 44 натпреварувачи и освои 41 медал – 12 златни, 8 сребрени и 9 брозени.

Зад Шампион останаа Гладијатор-Скопје со 29 медали (12-8-9) и Тим Зоран со 19 (12-5-2).

На првенството учествуваа 346 натпреварувачи со 386 натпреварувачки влезови од вкупно 28 кикбокс клубови.

Инаку Шампион тренинзите ги одржува во Магнус центарот во Скопје.

Информаци на 072/ 222-222.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО