30-години од првите медали за независна Македонија на Зоран Пејов, Ангел Георгиев и Елвир Куртановиќ со леб и паштета

Точно на овој ден пред 30 години во Кардиф, Велс, беше освоен првиот медал за независна Македонија од Зоран Пејов во младинска конкуренција (-80 кг, У-21), кој се закити со бронза првите медал. Следуваше борнзата на Ангел Георгиев (-67 кг, јуниор) и историското злато на Елвир Куратновиќ (-75 кг, У-21) на Европското карате првенство во 1993 година.

Селекторот Чедомир Саздовски имаше со што да се гордее, бидејќи неговите каратисти испишаа историја.

Ова е нашата историја. А сите до еден најгласно ја пееја македонската химна.

Тоа се каратистите од Цветан Димов – Куртановиќ, Вардар – Пејов и Партизан (Кочани) Георгиев кои на далечниот пат тргнаа со конзерви и леб и гордо се бореа и донесоа три медали и го вивнаа македонското знаме високо, а се свиреше и македнската химна, и да посака човек поубава реклама на една нова држава да се направи не може.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО