Аикидо клубот Хоши на 19 феврури со семинар ќе го одбележи 13-от роденден

Аикидо клубот Хоши од Скопје на 15 февруари  е тринаесетиот роденден, а по тој повод на 19-ти ќе се одржи семинар со кој ќе се одбележат 13 години постоење.
Клубот е создаден од страна на инструкторите Кирил и Методиј Пашоски,  4 дан аикикаи.

Клубот има свое доџо сала во населбата Лисиче, каде се одржуваат тренинзите. Еден од ретките  клубови  со свои приватни простории во овај дел од Европа за изучување на аикидото, јапонската култура и традиција. Учител ментор на клубот е Тоширо Суга шихан 7 дан аикикаи, кој е вистинска легенда во аикидо светот. Инструктор кој досега бил десетина пати гостин со цел да  го подигне квалитетот и да придонесе за правилниот развој на аикидото и негова афирмација во Р. Македонија. Оваа година, на крајот на месец април ќе дојде повторно во Скопје и Куманово да не учи и да ги сподели своите искуства и вештини.

Во клубот се тренира и негува изворно традиционално аикикаи аикидо кое се одликува со кратки, брзи, прецизни и ефикасни техники. Акцент се става на работа со дрвени оружја кои се наменети за тренинг. Во Аикидо клубот Хоши се обучувале голем број на припадници во безбедносните структури од земјава: војска и полиција, телохранителикако и многу возрасни и деца.

Инструкторите се со големо меѓународно искуство и посетувале семинари и обуки во петнаесет земји, а и самите држеле обуки во земјава и надвор од неа.
Се одржуваат групни тренинзи и приватни индивидуални тренинзи. Имале  ученици од Португалија, САД, Германија, Турција, Австрија и Унгарија.

Моментално клубот брои членство од четириесет членови од сите возрасни групи.

Соработуваат со многу организации и клубови од земјата и од странство.

На 19.02.23 (недела) ќе се оджи семинар во чест на роденденот на клубот на кој ќе водат тренинзи и учество следните инструктори со нивните ученици:

 

Собраните средства од котизацијата ќе бидат донирани во добротоврни цели, за помош за лекување на болни деца.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО