Волкановски остана број 1 во светот

Александар Волкановски и понатаму е најдобриот ММА борец во светот.

УФЦ ја ажурираше својата ранг-листата и шампионот во перо категорија го задржа првото место без разлика на категоријата. Ова за многумина е изненадување бидејќи Волкановски загуби од Ислам Махачев. Тие се бореа минатиот викенд на УФЦ 284 во Перт, Австралија.

Ислам победи со одлука и ја одбрани титулата во лесна категорија. Сите очекуваа дека ќе го симне Волкановски од тронот, но тоа не се случи. Алекс ја задржува првата позиција на ранг-листата, а Махачев останува на втората позиција.

За разлика од официјалното рангирање на УФЦ, медиумите како што се ЕСПН, ММАФајтинг и други го ставаат Махачев на прво место во нивните ранг-листи. На крајот, важно е само рангирањето на УФЦ, а Волкановски останува број 1 во нив.

Ова нема да му се допадне на Махачев, кој постојано повторуваше дека веќе е најдобар на светот. Очигледно, Ислам нема да го повтори достигнувањето на Хабиб Нурмагомедов кој беше број 1 во светот во 2020 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО