Сергеј Спивак го уништи Дерик Луис во првата рунда (ВИДЕО)

Сергеј Спивак го запре Дерик Луис во првата рунда од нивната борба на УФЦ Фајт најт по неверојатната доминација од првата секунда на мечот.

Молдавецот постигна дури 5 соборувања за рекордно кратко време, постојано притискајќи го Американецот со удари и обиди за блокирање на вратот. Во последниот обид Луис остана беспомошен и немаше друг избор освен да ја тапка „Поларната мечка“ по рамото за да се предаде.

Ова е трета победа по ред за Спивак и сигурно ќе цели многу високо во наредните месеци и години. По борбата го прозва Џо Џонс, за да се докаже против друга ММА легенда.

„Црниот ѕвер“ е во серија од 3 последователни порази и нема да биде изненадување доколку наскоро реши да стави крај на својата инаку неверојатна кариера.

Резултати УФЦ Фајт најт 218:
Главен дел
Сергеј Спивак – Дерик Луис завршница (давење со рачен триаголник) Р1, 3:05 часот
Девин Кларк – Да Ун Јунг со едногласна одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Марцин Тибура – Благој Иванов со едногласна одлука (30-27, 29-28, 29-28)
Доо Хо Чои – Кајл Нелсон мнозинско реми (29-27, 28-28, 28-28)
Адам Фугит – Јусаку Киношита преку ТКО (паунд и граунд) – Р1, 4:36

Прелиминарен дел
Аншул Џубли – Јека Сарагих преку ТКО (паунд и граунд) – Р2, 3:44
Џеонг Јеонг Ли – Ји Жа со поделена одлука (29-28, 27-30, 29-28)
Риња Накамура – Тошиоми Казама преку КО (удар) во: 33 од Р1 | Финиш на часовникот
Хјун Сунг Парк – Сеунг Гук Чои завршница (давење од позади) во 3:11 од Р3
Јун Јонг Парк – Денис Тиулиулин тех. завршница (давење од позади) во 4:05 од Р1
Тацуро Таира – Хесус Сантос Агилар завршница (рачен триаголник) во 4:20 од Р1

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО