Сергеј Павлович ќе се сретне со Сирил Гане на 8 август

Сирил Гане остана без противник за претстојната борба, откако се повлече Шамил Абдурахимов. За среќа, УФЦ дејствуваше брзо и Сергеј Павлович се приклучи како замена. Така, Гане ќе се бори против Павлович на настанот на УФЦ што ќе се одржи на 8 август.

Гане има скор 6-0 во ММА и нокаутира 5 од 6 противници. Има 29 години и во УФЦ дојде минатиот август. Забележа две победи со завршница над Песоа и Меце, а на крајот на 2019 година со одлука го совлада Босер. Така, за 5 месеци Гане победи на три борби во УФЦ.

Сергеј Павлович, пак,  е поранешен шампион во тешка категорија на ФНГ. Дебитираше во УФЦ против легендата Алистер Оверем и загуби со нокаут. Сергеј има скор од 14-1 во ММА и е во серија од две последователни победи со нокаут. 28-годишниот борец минатата година успеа да ги нокаутира Голм и Грин.

https://www.instagram.com/p/CBbfq5Gp33l/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON