Миша Тејт роди здраво машко дете дома (ФОТО)

Поранешниот шампионка во петел категорија во УФЦ, Миша Тејт, втор пат стана мајка. 33-годишната Американка роди здраво машко дете на 14 јуни во 8:20 часот наутро.

Плановите беа таа да се породи во болница, но малиот Декстон на свет дојде порано, па Тејт се породи дома.

Миша објави фотографија од среќното семејство и му се заблагодари на сопругот Џони Нунез, кој беше до неа и помогна.

Денес повторно станав мајка. Беше неверојатно искуство. Раѓањето беше планирано во болница, но нашиот син имаше и други планови. Декстон Вајлдер Нунез е роден на 14 јуни во 8:20 часот по полноќ во нашиот дом.

Миша има скор 18-7 во ММА и се повлече од спортот во 2016 година, откако загуби од Ракел Пенингтон и влезе во серија од два последователни порази. Таа стана потпретседател на ОНЕ Шампионатот на крајот на 2018 година.

https://www.instagram.com/p/CBaUMOsAMEu/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО