Мартин Несторовски: Чуството да се запишеш во историјата е неверојатно и не се опишува! Треба да се доживее!

Како вчера да беше, вели освојувачот на бронзениот медал на првите Европски игри во Баку, Азербејџан, Мартин Несторовски.

Нашиот каратист го освои медалот во категоријата над 84 килограми и со вториот бронзен медал на овие игри на колегата од репрезенатцијата Емил Павлов ја запишаа Македонија меѓу нациите кои освоија медали на историските Европски олмписки игри. Вчера се навршија точно пет години на еден од најголемите успеси на македонскиот спорт и на каратето.

За самата атмосфера пред тргувањето Несторовски вели:

„Пред да тргнеме имав огромна самодоверба, а во исто време чуствував и притисок, затоа што само јас и Емил имавме норма за Европските игри. Сите најмногу очекуваа од нас. Но, ние ги оправдавме очекувањата“.

А како беше по совојувањето на медалите:

„По освојувањето на медалот, првите неколку дена ми беа како во сон! Не бев свесен што сум направил! После тоа сфатив дека сум направил историски успех за Македонија и за каратето“.

Несторовски вели дека престојот бил многу релаксирачки но и многу возбуден затоа што бил со европската елита во сите спортови.

„Кога заврши жрепката, веднаш со мојот тренер Петар Белистојановски направивме стратегија како до медал. Во групната фаза изработив многу смирено и дисциплинирано до најмал детаљ, како што беше договорено со тренерот. А, тоа резултирасхе со медал“, раскажува бронзениот медалист на ЕИ.

А за тоа, какво е чувството да се запишеш во историјата:

„Чуството да се запишеш во историјата е неверојатно и не се опишува! Треба да се доживее“.

Мартин посочува дек сега е во спортска пензија, односно дека завршил со натпреварите, затоа пак е посветен на тренерската работа.

До медалот

Мартин Несторовски во борбата за бронзата во категорија над 84 килограми го совлада Слободан Битевиќ од Србија со 5-3.

Несторовски многу сигурно влезе во борбата и првите поени, вусшност, беа двојни, однонсо и за двајцата на иста акција беа доделани поени и тоа 1-1 и 2-2, но по судиско прегелдување на снимките му беа доделени поените на Несторовски. Потоа нашиот каратист поведе со 3-2 и на 1:02 до крајот, пак, беа доделени поени на двајцата во иста акција, а на 45 секунди до крајот Мартин поведе со 5-3. На четири секуди пред карјот, поради казни Битевиќ, Несторовски беше прогласен за победник, односно беше дисквалификуван и му беше доделена службена победа од 8-0 на нашиот репрезентативец. До медалот дојде со победата над европскиот првак, кој во фибналето на ЕП во Турција го совлада Енес Еркан од Турција.

Еркан беше подобар во финланата борба против Хорне.

Несторовски во полуфиналето не успеа да се избори за финале на Европксите игри против Германецот Јонатан Хорне, од кој беше поразен со 5-0.

Во борбите по групи Несторовски во првата борба со Гркот Маргаритопулос ремизираше 0-0, додека во втората го совлада домашниот каратист Шахин Атамов со 5-3, а во мечот со двократниот светски првак Енес Еркан од Турција, забележа пораз од 3-0, што беше доволно за второто место во групата и пласман во полуфиналето.

Несторовски беше немоќен против повисокиот и потешкиот Германец, кој по само 14 секунди го освои првиот поен. Потоа од контранапади освои уште два, а во последните секунди зададе уште два удари за конечните 5-0.
Во второто полуфинале Србинот Слободан Битевиќ загуби од Турчинот Енес Еркан со 1-2.

Инаку Хорен со Германија беше светски вицешампион екипно на СП 2014 во Бремен, а од 2009 до 2012 владееше со европското карате во неговата категорија.

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО