Доблеста на Хасер Харуни – најде чанта полна со пари и ја врати на сопственикот

Тренерот на боксерската репрезентацијата, Насер Харуни, воедно и тренер во БК Шкупи е херојот на денот.

Харуни најде чата со пари и ја врати на сопственикот, тоа е Ѓокица Стојановски, поранешниот голман на Вардар, Пролет и Југ.

Нашиот тренер ја потврди веста, чесноста пред се, тоа е карактеристика на сите наши тренери кои работат во боксот, Харуни е пример за тоа.

„Бев во Рамстор, само што излегов до паркингот, пред мојата кола најдов една чанта, од љубопитноста ја отворив чантата гледам во неа имаше паричник со документација, лична карта, возачка дозвола, банкарска картичка и едно плико во имаше 675 евра и 9.000 денари. По личната карта видов дека адресата беше во Кисела Вода на ул. Вера Јоциќ. Без двоумење тргнав да го најдам сопственикот на чантата. Кога стигнав до адресата во Кисела Вода, сопственикот не беше дома. Сигурно бил по потрага на изгубена чанта. Зборував со комшиите. Го повикаа на телефон и за 10 минути стигна, заедно со своето семејство, жена, млади, деца. Му реков: Дали си изгубил нешто? Да, да ми рече една чанта и не знаеше што да каже, од радост му течеа солзи радосници. Се викаше Ѓокица, младо момче, семеен човек, беше со едно мало детенце во количка. Ми рече: Не можам да поверувам дури до дома си ми ја донел изгубената чанта. Ме праша од каде си и како се викам. Му вратив дека се викам Насер и дека сум од Чаир. Од радост викаше „о Господе“, и извади 100 евра и ми рече овие ти се бакшиш од мене. Му реков нема потреба. Многу пати ме замоли, те молам, те молам, барем за кафе или ручек да јадете со семејтвото. Со ово сакав да кажам, луѓето треба да се делат на добри и лоши, а со Ѓокица ќе се сретнеме повторно на некоја средба да пиеме по едно кафе, бидејќи и тој бил спортист ракометар“, напиша Харуни на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО