АктуелноМеѓународна сценаММА

Анкалаев го победи Гусков со технички нокаут во петтата рунда на УФЦ Фајт најт 282

Магомед Анкалаев го победи Богдан Гусков со технички нокаут во петтата рунда од главниот настан на УФЦ Фајт најт 282 во Абу Даби.

Русинот ја контролираше борбата од самиот почеток, користејќи прецизни удари од далечина и не дозволувајќи му на Гусков да го наметне својот стил. Во четвртата рунда Анкалаев ја однесе борбата на партер, каде што целосно доминираше и се обиде да заврши.

Во последниот дел, сценариото се повтори – Русинот постигна соборување и почна да задава серија силни удари од горна позиција. Откако Гусков не успеа да се одбрани, судијата Марк Годард ја прекина борбата на 2:41 од петтата рунда.

Со победата Анкалаев ја зацврсти позицијата меѓу водечките имиња во полутешката категорија, иако неговиот претпазлив стил не импресионираше некои фанови во Абу Даби.

Резултати УФЦ Фајт најт 282:

Главна карта
Магомед Анкалаев – Богдан Гусков со ТКО Р5, 2:41
Рамазан Темиров – Стив Ерцег со ТКО Р1, 4:21
Ислам Дулатов – Велингтон Турман – отакажана поради здравствени проблеми на Дулатов.
Магомед Зајнуков – Дамијан Ржепецки со одлука (3х 30-27)
Ризван Куниев – Тајрел Форчн со ТКО Р3, 1:11
Абубакар Вагаев – Сајгид Изагахмаев со одлука (29–28, 29–28, 29–28)

Прелиминарни
Валтер Вокер – Томас Петерсен со завршница Р1, 1:32
Мухамед Саидов – Дастин Џејкоби со ТКО Р2, 4:49
Сем Патерсон – Сантијаго Понзинибио со ТКО Р2, 3:06
Аксел Сола – Исмаел Бонфим со завршница Р1, 4:44
Магомед Тучалов – Бренсон Рибеиро со одлука (3х 29-28)
Нуруло Алиев – Мајк Дејвис со одлука (3х 30-27)
Абдул Хусеин – Коди Гибсон со завршница Р3, 3:07

 

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON