Фјури: Вајлдер ќе го нокаутира Џошуа

Шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, го гледа Динатеј Вајлдер како втор најдобар боксер во тешка категорија.

Во февруари Фјури го запре Вајлдер во седмата рунда во Лас Вегас и му ја одзеде титулата.

Сега се подготвуваат за третата борба што треба да се одржи пред крајот на годината.

Доколку Фјури успее да ја одонесе победата, ќе има два меча со Ентони Џошуа, кој ги држи преостанатите титули.

https://www.instagram.com/p/CBQjGyEp-fN/?utm_source=ig_embed

Фјури сериозно се подготвува за трилогијата со Вајлдер, бидејќи во него гледа поопасен противник од Џошуа.

„Дионтеј Вајлдер е втор тешкаш во светот; верувам дека може да го нокаутира Ентони Џошуа и секој друг зад мене на ранг-листата.

Јас сум реалист – не можам да го потценам најопасниот боксер во историјата на тешка категорија. Вајлдер за мене е сè уште опасен боксер. Дури и по поразот, опасно е, затоа што по поразот може да се врати 10 пати посилен.

Верувам дека Вајлдер ќе го стори токму тоа со подобар план за борба и ќе се обиде уште потешко да ме победи, правејќи ги работите поинаку.

Не велам дека ќе успее, но ќе се обиде, што го прави опасен. Ако не се фокусирам 110 отсто, како што го правев тоа минатата година, за мене нема да има повеќе битки – ќе ме изнесат од рингот на носилки“, рече Фјури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО