Брет Окамото од ЕСПН објави дека менаџерот на Сергеј Павлович (16-1) Али Абделазиз му рекол дека Русинот може да му даде реванш на Дерик Луис (26-10), доколку раководството на УФЦ го сака тоа.
Павлович со ТКО во првата рунда го победи Луис. Борбата се случи минатиот викенд на УФЦ 277 во Далас, САД.
„Менаџерот на Сергеј Павлович, Али Абделазиз ми рече дека немало рано запирање против Дерик Луис.
Ако Дерик сака реванш, може да го добие „ако УФЦ го сака тоа““, напиша Окамото на Твитер.
Сергеј победи со нокаут за 55 секунди, но остана впечатокот дека Дан Мурљота пребрзо ја прекина борбата.
View this post on Instagram