Сергеј Ковалев се врати во рингот и го совлада Тервел Пулев (ВИДЕО)

Рускиот боксер Сергеј Ковалев го победи Бугаринот Тервел Пулев, братот на многу попознатиот тешкаш Кубрат, на настан во Инглвуд, Калифорнија.

Ковалев не се борел од ноември 2019 година кога загуби од Канело Алварез.

За Русинот тоа беше прв меч во крузер категорија. Одлично го користеше предниот директ, а и добро ги комбинираше и другите удари.

Ковалев извесно време беше меѓу најдобрите полутешкаши во светот.

Тој ја освои титулата во 2013 година и осум пати го бранеше појасот, а потоа загуби од Андре Вард во ноември 2016 година. До тој момент имаше 30 победи во низа и едно реми.

Тервел Пулев освои бронзен медал на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, а до овој меч беше непоразен, во кариерата има 16 победи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО