Сергеј Ковалев: Рускиот и светскиот бокс се зафатени со корупција

sergej-kovalev-vo-gard

Една од најголемите ѕвезди во професионалниот бокс, Сергеј Ковалев, изјави дека целкиот руски бокс е зафатен со корупција. Светскиот шампион во лесно-тешка категорија се уште нема пораз во професионалната кариера.
„Не видовте ли што се случи во Рио де Жанеиро. Ги слушнав зборовите на тренерот Алекс Лебзјак. Тој рече дека сакал да земе други боксери, но го пресекле. Наместо тоа, земени се други момци кои не му биле потребни. Целиот бокс ни е зафатен со корупција. Во мое време, кога првата ракавица ќе се повредеше, дури тогаш ме викаа. Гледав дел од средбите во Рио. Еден боксер го добива мечот, а победата му ја даваат на друг. И на Олимпијадите во Лондон и во Пекинг беше истото. Се е претходно дефинирано – кој колку медали мора да освои“.

https://youtu.be/uVzVCUUAdeg

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО